Милошоски ја предаде и втората снимка против Заев во ЈО

Сподели

 

Антонио Милошоски денеска во обвинителството, кај шефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција Вилма Русковска, го предаде и вториот аудио материјал кој го поседува за поранешниот премиер Зоран Заев.

“Она што го поседував како материјал, транскрипти, аудио снимка, поврзани со поранешниот премиер, Заев, каде што експлицитно се слуша неговиот глас и разговара за влијание во обвинителството и судството го предадов на обвинителката Русковска. Направен е записник, и истиот материјал ќе го одработуваат, за да видат која е релевантноста“, изјави Милошоски.

„Се работи за анонимен укажувач. Сметам дека материјалите се релевантни затоа што беа потврдени, а во разговорите дека има сериозни индиции запрекршување на основното правило при владеење во правото, а тоа е мешање на извршната во судската власт. Сметам дека има доволно силни индиции да се почне предистрага за Заев“, вели Милошоски.