„Ханделсблат“: Границите во ЕУ да се отворат во наредните 30 дена

Сподели

 

Европската унија планира да ги укине мерките за контрола на границата во Шенген зоната во наредните 30 дена, тврди германскиот весник „Ханделсблат“.

Европската комисија утре ќе го претстави својот план за враќање на нормалноста во слободата на патување, а некои детали, според весникот, се веќе објавени.

„Притисокот врз сите министри за внатрешни работи на ЕУ расте поради намалувањето на бројот на заразени лица, така што патувањето во земјите на ЕУ треба повторно да се дозволи. Сепак, Европската комисија бара координирана акција, а не билатерална, пишува „Ханделсблат“.

Весникот додава дека граничните контроли во шенген-зоната треба постепено да се укинуваат.

„Овој процес не треба да се одложува подолго отколку што е потребно, бидејќи тоа претставува товар не само на заедничкиот пазар, туку и за животот на милиони граѓани на ЕУ кои сакаат придобивки од слободата на патувањето, наведува весникот.

Бидејќи се препорачани ограничувања на надворешните граници на ЕУ, до средината на јуни, границите меѓу земјите на ЕУ треба да се отворат што е можно поскоро, во наредните 30 дена.

Ова, се разбира, ќе зависи и од епидемиолошката состојба, се наведува во текстот на „Ханделсблат“.

МИА