Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, по повод празникот Богојавление – Водици упати честитка до граѓаните од православна вероисповед.
“Во мое лично име и во име на Министерството за јавна администрација, дозволете ми да Ви го честитам големиот христијански празник Богојавление – Водици.
Овој празник нè потсетува на значењето на верата, единството и љубовта меѓу луѓето. Нека Богојавление донесе мир, здравје и благосостојба во Вашите домови. Нека овој ден биде поттик за заедништво и зацврстување на врските во нашите заедници.
Со најискрени желби за радост и благосостојба.”
