Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, по повод 4-ти февруари, денот на раѓањето на големиот револуционер и визионер Гоце Делчев, упати честитка до граѓаните на Република Македонија.
Денес, оддаваме почит на човекот кој беше пред своето време – Гоце Делчев, симбол на борбата за слобода, правда и национална свест.
Неговата визија за „свет како поле за културен натпревар меѓу народите“ останува инспирација за сите нас.
Како министер за јавна администрација, го нагласувам значењето на неговите идеали во создавањето на ефикасни, транспарентни и демократски институции, кои работат во интерес на граѓаните и иднината на нашата држава.
Нека овој ден биде потсетник дека реформите, интеграцијата и напредокот се наша заедничка одговорност.
Да продолжиме да градиме силна, модерна и европска Македонија, во духот на принципите за кои Гоце Делчев се залагаше.
Министерството за јавна администрација останува посветено на унапредување на институциите во духот на вредностите што Гоце Делчев ги промовираше – слобода, еднаквост и градење на иднината со визија и одлучност.
