МП: Законски решенија за олеснување на финансискиот товар на граѓаните

Сподели

 

Водејќи се од начелата на социјална правда и правичност, Министерството за правда до крајот на неделата ќе излезе со сериозни предлози на закони коишто ќе бидат од огромен бенефит за граѓаните.  

Станува збор за три законски решенија – дел кои предвидуваат измени во Законот за извршување, но и создавање на посебни закони за решение на каматите и репрограмирањето на долговите. 

Потсетуваме дека го изменивме Законот за извршување, го доуредивме постапувањето на извршителите и  сериозно ја намаливме Тарифата на извршителите. Така, за извршување на платните налози за комунални дејности, трошоците на граѓаните се намалени најмалку 5 пати. Единаесет ставки од Тарифата на извршителите со новите измени се сега бесплатни, односно за нив извршителите немаат право да наплаќаат трошоци. 

Во однос на денешниот протест на Комората на извршителите, укажуваме дека Комората е автономна во своето одлучување. Во креирањето на законските решенија, Министерството за правда ги разгледува опциите за правичност во извршувањето и заштита како на доверителите, така и на должниците – се наведува во денешното соопштение на министерството за правда.