Вести Македонија Ударни вести

Министерство за здравство: Во изминатите 24 часа во ковид центрите е пријавено дека се лекуваат вкупно 830 пациенти позитивни на корона вирусот

Сподели:

 

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 830 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 79 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 56 пациенти. На  инфективното одделение во Тетово има 45 пациенти, во Велес се лекуваат 56 болни, а во Куманово 114 пациенти позитивни и суспектни о на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 100 пациенти, во Прилеп 106, во ковид центарот во Гостивар 64, а во Струга 33 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 72 пациент, во Кочани 18 во Кичево 10, Кавадарци 56,  во  Гевгелија 11 лица, а во Дебар 10 позитивни  и суспектни на корона вирусот.Бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.
Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1340 и има околу 150 празни болнички кревети во ковид центрите.
 
Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.
 

Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството за здравство е во постојан контакт со сите болници и доколку има потреба, капацитетите на ковид одделенијата ќе бидат дополнително проширени.

Сподели: