Вести Македонија Ударни вести

Министерството за правда ќе иницира подготовка на нов Изборен законик

Сподели:

 

Во текот на оваа недела, вклучувајќи ја и идната недела Министерството за правда ќе го отпочне процесот на подготовка на нов Изборен законик.

Идејата е токму од оваа институција да се започне процесот за носење, односно подготовка на нов Изборен законик кој ќе овозможи вградување на сите препораки од меѓународниот фактор како што се ОБСЕ/ОДИХР, но и забелешките кои ги имаа засегнатите страни.

Министерот за правда Никола Тупанчески на прес конференција  информираше ќе  испрати допис во кој ќе бидат поканети  политичките партии и заинтересираните страни, невладини организации и здруженија кои ќе треба да земат учество во изготвувањето на Изборниот законик.

“Целта е да бидеме максимално транспарентни, инклузивни, да ги имплементираме сите препораки, заклучоци кои што беа констатирани на последните избори. Едно од укажувањата на меѓународниот фактор беше дека најдобро ќе биде Изборниот законик да биде донесен 6 месеци пред избори. Тоа се правила на игра кои однапред треба да се почитуваат и да се знаат. Изборниот законик треба да биде донесен со консензус”, рече Тупанчески .  

Тупанчески информираше дека последните измени на Изборниот законик се направени во 2021 година и тие се однесуваа на биометриската идентификација.

Како ќе изгледа новиот Изборен законик, моделот на политичкиот систем преку кој се избираат пратениците или претставниците на државата , ќе зависи од работната група, понудените решенија, идеи и аргументација”, рече Тупанчески.

Сподели: