Андоновски за М-НАВ: Скандал од невидени размери

Сподели

 

“Не сакав да пишувам деновиве на големите празници Бадник и Божик, но неизбежно е да се каже дека тонеме во се’ подлабока дупка.
 
М-НАВ – бев на една обука и беше зафат да се влезе и движи низ просториите. Со претходна најава, одобренија, придружба при движење итн. Посебен протокол за влез, особено во работните простории. Ајде што влегле и се шетале како низ дома, туку и тепале службени лица. Скандал од невидени размери.
 
Да биде циркузот уште поголем, Кривичен за вакво дело немал доволно докази за да одреди мерка притвор.
 
На вработените во М-НАВ им стојам на располагање во рамки на нашите надлежности да им помогнам”, напиша Заменик народниот правобранител Јован Андоновски на својот ФБ профил за случувањата во Македонска Навигација.