Министрите на ЕУ не донесоа одлука за датум – одлуката ќе ја донесат европските лидери во Брисел

Сподели

 

Денеска министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ не постигнаа согласност околу определувањето датум за отворање пристапни преговори со Македонија и со Албанија. За ова прашање ќе одлучуваат шефовите на држави и влади на дводневниот лидерски самит што почнува во четврток во Брисел.

Со денешната одлука на министерско ниво, јасно е дека Франција цврсто инсистира на предлогот за реформа на процесот за прием на нови членки во Европската унија, пред каква била одлука за почеток на преговори со нови земји кандидатки.

„За жал денеска не беше можно да постигнеме едногласно решение“, изјави финската министерка Тути Тупураинен, додека комесарот Јоханес Хан по министерскиот состанок изјави: „Ова не беше момент на слава за Европа“. Тој изрази надеж дека Франција, Холандија и Данска ќе го сменат ставот до почетокот на самитот на ЕУ во четврток.