Вести Македонија Топ теми Ударни вести

Митко Чавков уапсен по налог на јавен обвинител

Сподели:

Поранешниот министер за внатрешни работи, Митко Чавков рано утрово бил уапсен по налог на јавен обвинител, јавува МИА.

Од Министерството за внатрешни работи и од Основното јавно обвинителство повеќе информации најавуваат во текот на денот.
Чавков е уапсен поради настаните од 27. април во македонското Собрание кога беа нападнати пратеници од парламентарното мнозинство.

Тој, наводно, не давал наредба полицијата да ги спречи инцидентите на време. Чавков утрово бил донесен во Кривичниот суд пред судија за претходна постапка.

Се очекува Чавков утринава да биде донесен во Кривичниот суд пред судија за претходна постапка.

Сподели: