Митрески: Очекувам масовен одзив од граѓаните, од нивниот избор зависи иднината на државата

Сподели

Претседателот на Собранието на РС Македонија, Јован Митрески, денеска, во ОУ „Браќа Миладиновци“ во Струга, го искористи своето избирачко право и гласаше во првиот круг за избор на претседател на државата.

„Верувам дека изборниот ден денеска ќе помине во најдобар ред како што доликува на една демократска држава. Изминатите изборни циклуси покажавме дека како држава имаме капацитет да организираме фер и демократски избори, според европски стандарди и правила“, нагласи претседателот Митрески. 

Тој очекува дека денеска ќе има масовен одзив од граѓаните, бидејќи од нивниот избор зависи иднината на државата.

„Гласањето е врвно демократско право и верувам дека најголем број граѓани ќе го искористат“, порача Митрески.