Мицкоски го честита Курбан Бајрам: Добро здравје, мир, спокој и благосостојба

Сподели:

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски по повод големиот празник Курбан Бајрам упати честитка до граѓаните од исламска вероисповед, со желби за добро здравје, мир, спокој и благосостојба во секој дом.

“Курбан Бајрам нѐ потсетува на вредностите на солидарноста, човечноста, меѓусебната почит и грижата за ближните. Во духот на празникот, да продолжиме заеднички да градиме општество на разбирање, единство и почитување, каде различностите се наша сила, а заедништвото наша иднина.

Нека празничните денови донесат радост, топлина и надеж, а во секое семејство љубов, мир и бериќет. Честит Курбан Бајрам!”

Сподели: