Денеска во Охрид, премиерот Христијан Мицкоски го пречека неговиот хрватски колега Андреј Пленковиќ, кој престојува во официјална посета на Македонија.
Оваа средба претставува потврда за добрите односи и пријателството помеѓу Македонија и Хрватска, како и важноста на меѓусебната соработка, европските вредности и регионалната стабилност.

“Во пријатна и конструктивна атмосфера разговаравме за продлабочување на соработката помеѓу двете држави регионалната стабилност, европската перспектива и заедничките предизвици”, изјави премиерот Мицкоски.


