Потпишан меморандум за соработка помеѓу ЦУК и УХМР

Сподели:

Денес, директорот на Центарот за управување со кризи, г-дин Мухамед Али, потпиша меморандум за соработка со директорот на Управата за хидрометеоролошки работи, г-дин Игор Лазаровски.

Потпишувањето на овој меморандум претставува уште еден чекор кон продлабочување на веќе воспоставената успешна соработка помеѓу ЦУК и УХМР, кои континуирано работат во насока на навремена размена на информации, координација и заедничко делување во услови на кризни состојби, природни непогоди и други ризици.

Во склоп на тоа, двете институции ќе продолжат со заеднички активности и унапредување на меѓуинституционалната координација, со цел навремено информирање на граѓаните и поефикасно справување со сите предизвици.

Сподели: