Мицкоски јавно да ги повика пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да го поддржат автентичното толкување

Сподели

 

“Наместо да измислува и да пласира несериозни предлози кои се во функција на одбрана на криминал, Христијан Мицкоски треба јавно да ги повика пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да го поддржат автентичното толкување поднесено од СДСМ.

Најважно е да се обезбеди одговорност пред законите на сите оние коишто ги прекршиле, а не кој со што ќе се занима.

Со поднесување на автентичното толкување во Собранието СДСМ се бори за правда, за одговорност, за спречување на можноста од враќање на незаконската аболиција на Ѓорѓе Иванов.

Барањето поднесено од СДСМ за автентично толкување на членот 11 од Законот за помилување ги спречува обидите на остатоците од режимот и сваровски судството за избегнување на правдата и го затвора целосно прашањето со незаконската аболиција на Ѓорге Иванов.

Јавноста знае дека срамна и незаконска аболиција на Иванов е производ на ВМРО-ДПМНЕ, јавноста знае дека оваа партија никогаш не се изјасни против и силно ја бранеше кога граѓаните протестираа на улиците.

Јасно е дека зад случувањата диригирани од остатотците на „заробената држава“ во судството, заедно со последните најави од Уставниот суд, стои ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски работи исклучиво во корист на неговиот ментор од Будимпешта и криминалната банда.

СДСМ нема да дозволи никакви амнестии. Пред граѓаните ветивме правда и правиме се правдата да биде задоволена за секого подеднакво” – се наведува во денешното соопштение на СДСМ,