Додека новиот унгарски премиер Петер Маѓар открива нови детали за бегството на полскиот министер, кој имаше заштита од Орбан и преку Србија избегал во САД, во Македонија, Мицкоски и Филков со месец молчат за Никола Груевски.
Прашањето е едноставно: Дали Мицкоски и Филков намерно не ги испраќаат документите за екстрадиција за да му овозможат на Груевски да ја избегне правдата, а самите да не се соочат со своите партиски колеги кои го поддржуваат поранешниот претседател на ВМРО? – прашуваат од СДСМ.
Мицкоски не го сака враќањето на Груевски затоа што тогаш би можел повторно да ја преземе партијата. Тој веќе ги отстрани сите потпретседатели, а од општинските организации направи свои лични фан-клубови. Филков, пак, со ова се обидува да го задржи министерското место, бидејќи веќе е одреден за смена во реконструкцијата на владата. Ова не е случајност. Ова е свесна заштита на Груевски, најголемиот симбол на криминалот и корупцијата во Македонија.
Додека Мицкоски и Филков играат игри, граѓаните чекаат одговор: Дали документите за екстрадиција на Груевски се испратени или не?


