Мицкоски: Очекувам огромното мнозинство да гласа против власта и да биде казнета

Сподели

 

Очекувам огромното мнозинство протестни гласови да излезе и масовно да гласа против власта и да биде казнета, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за вестите на Канал 5 телевизија, потенцирајќи дека победата во недела ќе биде огромна и покрај сите закани и притисоци на власта.

Мицкоски истакна дека тие протестни гласови се граѓани кои протестираат на политиките на владата и најголемиот дел од нив имаат негативно мислење за владата и тоа во каква насока се движи државата и сметаат дека оваа влада треба да замине.

– Очекувам тие да се мобилизираат во вториот круг и токму тие да излезат и да направат огромен пресврт бидејќи тие се таа додадена вредност која треба да се спротивстави на притисоците, заканите, поткупот и злоупотребата на МВР, рече Мицкоски.

Мицкоски посочи дека МВР врши масовен претрес на активисти на ВМРО-ДПМНЕ, масовен претрес на граѓани да ги обесхрабри да гласаат, воедно власта ги злоупотребува сите институции со закани притисоци и обиди за поткуп, но и покрај тоа граѓаните ќе излезат и ќе ја казнат власта.

– Заканите, притисоците и обидите за поткуп на власта се масовни, има масовна злоупотреба на институции и од оваа власт не може да се очекува. Очекувам поголем број градоначалници од тие што ќе ги освои СДСМ. Мобилизацијата и отпорот против власт пркоси и тоа ќе биде големо во недела, победата ќе биде на народот, нагласи Мицкоски.

Христијан Мицкоски, Локални избори 2021