Вести Македонија Ударни вести

Мицкоски протестира пред Собранието: Граѓаните да не подлегнуваат на провокации

Сподели:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на денешната прес конференција пред Собранието ги изложи партиските ставови во врска со уставните измени и порача дека ќе го искористи своето демократско право да протестира пред Собранието.

Тој рече дека отпорот е единственото кое што преостанува и ги замоли граѓаните да не подлегнуваат на провокации.

Христијан Мицкоски на својот фб профил изјави:

Почитувани сограѓани,

Го пишувам ова како син, родител, педагог, професор, сосед и пријател. 
Јас од денес ќе го користам моето демократско право мирно и достоинствено да протестирам против тоа што се случува внатре во Собранието, надвор, пред Собранието.

Ве повикувам да ни се придружите и да останеме достоинствени и честити какви што сме. Да не подлегнеме на провокации за евентуални насилни сценарија. Тоа и го должиме на неа, на татковината. Тука сме се школувале, растеле, радувале, тагувале, другарувале, љубеле и сонувале за достоинствено место за живот. За неа сме се бореле, војска служеле, буделе и заспивале, тука сме ги создавале нашите семејства… тука најверојатно ќе ја завршиме нашата животна приказна. Ова е најмалку што можам во овој момент за неа да направам, но можам да се обврзам дека ќе сторам се, тоа што некој сега го тргува безмилосно, да го повратиме. 
Таа е мојата втора мајка, Македонија, а јас сум горд Македонец!

Сподели: