Мицкоски во работна посета на Брисел

Сподели:

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, заедно со министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, е во дводневна работна посета на Брисел, каде што ќе учествува на Форумот за проширување на ЕУ, во организација на Европската комисија, на кој ќе учествуваат еврокомесарката Марта Кос, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, како и претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта.

Мицкоски ќе учествува на панел-дискусијата „Проширување кое испорачува: реформи, инвестиции и раст“.

Во рамките на посетата на Брисел, Мицкоски ќе оствари средба и со Герт Јан Копман, генералниот директор на Генералниот директорат за проширување и источно соседство, оддел на Европската комисија одговорен за управување со процесот на проширување на Европската Унија и политиките за источното соседство.

Сподели: