Младите цела деценија беа игнорирани,ВМРО-ДПМНЕ ја загрозуваше нивната иднина

Сподели

Младите беа целосно заборавени, игнорирани, маргинализирани и под постојат притисок од криминалната власт на ВМРО-ДПМНЕ.

Се правеа институционални и медиумски хајки врз младите кои беа гласни критичари, во обид да ги замолчи.

После децениско игнорирање на потребите на младите, политиките коишто сега ги спроведува Владата предводена од СДСМ претставуваат нова вредност со што се потврдува намерата за градење напредно општество, еднакво за сите, во кое младите имаат суштинска улога.

Денес власта ги коригира политиките и го слуша гласот на младите. Ги охрабрува младите да критикуваат, да бидат будни и да кренат глас секогаш кога има чекори за поправање.

Се спроведуваат реформи во образованието, со скратени часови, укинато екстерно тестирање за пофокусирана настава и подобар образовен процес.

Со воведувањето на мерката Гаранција за млади на младите лица, во период од четири месеци од денот на евиденција во Агенција за вработување, им се обезбедува квалитетна понуда за вработување, континуирано образование, обука или практикантство.

Со 16,5 милиони евра Владата предводена од СДСМ ги стимулира програмите и мерките за вработување за млади во оваа 2018 година.

Преку Планот за економски раст, започнати се процеси за финансиска поддршка за технолошки развој на компаниите и покривање до 30% од трошоците со кои ќе се стимулираат обука и стручно усовршување на нововработени млади лица.

За подобрување на образованието предвидени се една милијарда и 270 милиони денари. За првпат се обезбедуваат 80 милиони денари за подобрување на условите во ученичките и студентските домови, а за зајакнување на студентскиот стандард планирани се 660 милиони денари.

Токму Младите веќе еднаш го сопреа патот на изолацијата и бесперспективноста.

Младите се за интеграција. Младите избираат Македонија да биде рамноправна со ЕУ и НАТО.

Во огромен број, на референдумот на 30 септември, младите ќе ја дадат поддршката за нивната просперитетна иднина.

ДА за македонската иднина.