МНР: Да не се патува во Либан поради безбедносната ситуација

Сподели

 

Министерството за надворешни работи ги повикува сите државјани на РС Македонија да се воздржат од неесенцијални патувања во Либан поради сложената безбедносна состојба во регионот.

МНР информира дека сѐ уште се активни комерцијалните летови кон и од Либан, и соодветно, препорачува сите граѓани кои во моментот се наоѓаат на територијата на земјата, доколку немаат суштинска причина за нивниот престој, да ја искористат оваа можност и да ја напуштат земјата.

Потсетуваме дека Северна Македонија нема дипломатско Конзуларно претставништво во Република Либан и соодветно, значително намалено присуство во земјата, што ги отежнува можностите за асистенција при евентуална евакуација, доколку дојде до дополнително влошување на безбедносната состојба.

Ги повикуваме нашите државјани кои се наоѓаат на територијата на Република Либан веднаш да го пријават своето присуство, локација и намери на дежурниот телефон на Амбасадата на Северна Македонија во Каиро +201033615542 и на дежурниот број на Амбасадата на Северна Македонија во Тел Авив +972 54 926 7378.

На располагање се и СОС телефоните на Министерството за надворешни работи +389 75 273 732 и +389 75 268 736, како и на следната и-мејл адреса: globalsos@mfa.gov.mk

Министерството за надворешни работи ќе продолжи да ги следи состојбите во Либан и регионалното опкружување и навремено да информира за евентуални насоки за постапување за нашите државјани.