Министерството за надворешни работи преку Амбасадата во Атина и Генералниот конзул во Солун, е во постојана комуникација со нашите државјани кои се најдоа затекнати во погодените места од невремето во Грција, односно во регионот Агиос Иоанис, на источната страна на Пелион во Магнезија, југоисточна Тесалија.
Во Грција институциите информираат дека интензивно се работи на расчистување на патиштата, надлежните ги преземаат сите мерки за снабдување на регионите со храна и вода, а веќе е саниран и проблемот со снабдување со електрична енергија.
