7 дена Вести

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели:

МАКЕДОНИЈА – Времето денеска ќе биде променливо облачно, со сончеви периоди. Попладне на места нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.Утринската температура ќе се движи од 1до 9, а дневната од 9 до 21 степени.

Во Скопје слично време, променливо облачно со сончеви периоди, но и со повремени врнежи од дожд. Утринската температура ќе се спушти до 6, а дневната ќе се искачи до 19 степени.

Утре претежно на југозапад, а во четврток на повеќе места ќе биде нестабилно, во попладневните часови со локален пороен дожд, засилен ветер, грмежи и услови за појава на град.

Во петок и за време на викендот ќе преовладува претежно сончево и потопло време. Утринските температури на некои места ќе се спуштат и до -1 степен.

Сподели: