Вести Свет Ударни вести

Москва негодува поради протерување руски дипломати од Германија

Сподели:

 

Русија најави остра реакција на протерувањето на руски дипломати од Германија. Протерувањето беше реакција на злосторствата во украинскиот град Буча, пренесува Дојче веле.

„Ќе одговориме на овој злонамерен акт на германската политичка машина“, соопшти Министерството за надворешни работи во Москва во врска со протерувањето руски дипломати. Руската амбасада во Берлин на Телеграм напиша: „Неосновано намалување на дипломатскиот персонал во руското претставништво во Германија ќе го стесни просторот за одржување на дијалогот помеѓу нашите земји, што ќе доведе до натамошно влошување на германско-руските односи.“

Сподели: