Мостот „Генерал Михајло Апостолски“ конечно влегува во завршна фаза пред неговото целосно ставање во функција.
Со решавањето на еден од најголемите предизвици – процесот на експропријација – се создадоа услови за продолжување на активностите на терен. По истекот на рокот за преселување на семејствата кои живееја на трасата, започна расчистувањето на булеварот „АСНОМ“ од страната на мостот, што претставува клучен чекор кон неговото конечно ставање во употреба. Паралелно продолжува и експропријацијата на преостанатиот дел од булеварот до неговото целосно завршување.
Градот Скопје изразува искрена благодарност до семејствата кои со разбирање и соработка придонесоа за надминување на долгогодишниот проблем, како и до сите институции и соработници кои активно учествуваа во реализацијата на процесот.
Покрај овој проект, во изминатиот период беа откочени и други значајни инфраструктурни зафати, меѓу кои „Момин Поток“, булеварот „Борис Трајковски“, мостот на „Љубљанска“ и подземната сообраќајница на булеварот „Македонија“. Со нивната реализација, Скопје продолжува да го подобрува сообраќајниот систем и условите за живот на своите граѓани.
фото Град Скопје


