МПЦ останува на причеста со една лажичка за сите, ќе ги дезинфицира иконите

Сподели

 

Една лажичка за сите кои се причестуваат. МПЦ останува на ставот дека нема да ја менува традицијата. И владиката Тимотеј смета дека секој што ќе посака да се причести, свештениците не можат да му забранат, лажичката ќе биде иста за сите без разлика што така може да се шири вирусот ковид. Иконите ќе ги дезинфицира оти традиција е и тие да се бакнуваат особено за време на верските празници како Велигден, пренесува Телма.