Вести Македонија Ударни вести

МТСП: Новата „Калинка” е прва градинка во Гази Баба која што воведува втора смена

Сподели:

 

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска и градоначалникот на Општина Гази Баба Борис Георгиевски, присуствуваа на отворањето на проширениот дел на градинката „Калинка” во скопската населба Железара, која што е дел од  ЈОУДГ „Детска радост“.

„Нашата стратешка цел како Влада е вклучување на што повеќе деца во предучилишното образование и затоа изминатиот период посветено работиме на зголемување на капацитетите во детската заштита. Крајната цел е да го зголемиме опфатот на деца во градинките за 50%, бидејќи раниот детски развој е клучен за понатамошниот развој на секое дете. Продолжуваме да инвестираме и градиме по план, освен во градовите, и во руралните средини кои немаа вакви објекти“, изјави Царовска.

Со преадаптацијата на првиот кат од градинакта „Калинка” сегашниот вкупен капацитет е за 215 деца од предучилишна возраст и истите се организирани во 9 воспитно- згрижувачки групи. Просторот на оваа градинка е проширен за три нови занимални во кои имаат место за 75 деца. Министерството за труд и социјална политика учествуваше со 2,3 милиони денари средства наменети за градежно занаетчиски работи и опремување на објектот.

Градиначалникот Георгиевски најави дека „Калинка” ќе биде прва градинка во Гази Баба којашто воведува втора смена.

Министерството за труд и социјална политика продолжува да ги подобрува условите и квалитетот во детската заштитa. Oд мај 2017 до мај годинава МТСП инвестираше во изградба, реконструкција и опремување на вкупно 31 објект за детска заштита. Во тек е изградба и опремување на уште 12 објекти. Истоврмено ги јакнеме и професионалните компетенции на кадарот и го враќаме достоинството на професијата воспитувач со зголемувањето на платите за 21%.

Сподели: