Град Скопје: Исечените дрва на “Максим Горки” биле оболени – ќе се садат нови

Сподели

 

Денеска по социјалните мрежи осамнаа фотографии со исечени дрва на улицата Максим Горки, со голема осуда кон надлежните институции за сечата.

Град Скопје во текот на вчерашнит ден на официјалната страна објави и најави дека исушените дрва ќе бидат отстранети и дека на нивно место ќе засадат нови и млади.

 

 

По барање на општина Центар, екипи на ЈП „Паркови и зеленило“ денеска
извршија сечење на 14 целосно суви јапонски цреши од едната страна на улицата Максим Горки. Сакаме да нагласиме дека дрвјата беа целосни исушени поради габични заболувања и без можност да бидат спасени. Во овој контекст, минатата година општина Центар апелираше до компаниите на оваа улица кога ги чистат објектите да не истураат вода со хемикалии во дрвјата. Дрвјата во состојбата во која што се наоѓаа (некои беа и веќе паднати) претставуваа опасност по безбедноста на минувачите на овој фреквентен потег, како и по безбедноста на имотот на граѓаните.
Град Скопје во понеделник на овој потег ќе засади 18 нови јапонски цреши и
ќе го обнови овој дрворед што го краси центарот на нашиот град.