Вести Македонија Ударни вести

МТСП: Септемвриските плати на вработените во градинките се покачени за 2% и усогласени со Законот за минимална плата

Сподели:

На денешната прес конференција, министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, даде појаснување во врска со покачувањето на платите на вработените во градинките.

Редовното покачување од 2% на платите на вработените во градинките е вметнато во нивната септемвриска плата.  Потоа, согласно со Законот за минимална плата, зголемената плата за 2%, дополнително се покачи до износот на минимална плата.

Во таа насока, министерката Царовска изјави дека: ,,Од септември, вкупниот ефект од зголемувањето на минималната плата и зголемувањето од 2% кај градинките, ќе биде до 2040 денари, во зависност од нивното работно место.

Сподели: