Верниците со исламска веросиповед денеска го слават празникот Рамазан Бајрам, кој се смета за еден од петте столбови на исламот и празник за духовно и телесно прочистување.
По утринската молитва, верниците ги посетуваат гробиштата на своите роднини. Рамазан-бајрам се слави три дена, а доаѓа по едномесечниот строг пост. Рамазан е месец на добрината, љубовта и милоста.
Празникот Рамазан Бајрам е неработен за сите граѓани во Македонија.


