Претседателот на Собранието на РС Македонија, Африм Гаши по повод големиот муслимански празник – Рамазан Бајрам, упати честитка до верниците од исламска вероисповед.
“Дозволете ми по повод големиот празник Рамазан Бајрам, од мое лично име и од име на Собранието на Република Северна Македонија, да Ви упатам искрени честитки и најтопли желби за добро здравје, мир, радост и благосостојба.
По деновите на пост, молитва, солидарност и духовна посветеност, Рамазан Бајрам нè потсетува на трајните вредности на хуманоста, меѓусебната почит, разбирањето и помагањето. Овој голем празник носи порака за љубов, милосрдие и заедништво, вредности кои се од особено значење за градењето хармонично, праведно и достоинствено општество.
Нека бајрамските денови Ви донесат спокој во домовите, радост во семејствата и надеж во срцата. Во духот на празникот, да продолжиме заеднички да негуваме соживот, толеранција и почитување, како темели на нашата заедничка иднина.
Честит Рамазан Бајрам!” – Африм Гаши.


