Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари средба со амбасадорот на Република Албанија во земјава, Н.Е. Денион Мејдани.
Во фокусот на разговорот беше значењето на интеграцијата на регионот во Европската унија, при што беше нагласено дека успешно заокружување на европската перспектива на земјите од Западен Балкан ќе придонесе за понатамошен развој, стабилност и безбедност на целиот регион.
Двајцата соговорници ја реафирмираа заедничката заложба како соседни земји и НАТО-сојузнички да продолжат со продлабочување на соработката во сите области од заемен интерес.
Посебен акцент беше ставен на унапредувањето на билатералните односи, со фокус на економската соработка, зголемување на трговската размена, како и реализацијата на инфраструктурни проекти што директно ги поврзуваат граѓаните на двете држави.
Министерот Муцунски и амбасадорот Мејдани разменија и мислења за актуелните регионални и меѓународни прашања од заеднички интерес.
извор/фото МНР
