Вести Свет Ударни вести

Тачи: Демаркацијата мора да помине денес. Граѓаните тоа го очекуваат, без оглед на партиската или етничка припадност

Сподели:

Претседателот на Косово, Хашим Тачи, денес изјави дека насилството во Собранието е недопустливо и претставува страшна слика за Косово во светот, пренесува Anadolu Agency (AA).

Тачи ги повика пратениците да продолжат со својата работа, и покрај опасните тактики на противниците за визна либерализација.

„Демаркацијата мора да помине денес. Тоа е она што граѓаните го очекуваат, без оглед на партиската или етничка припадност. Гласањето за демаркацијата значи слободно движење на сите граѓани на Косово“, напиша Тачи на својот профил на Фејсбук.

Тој нагласи дека се доволно изгубените три години поради лажни цели, што ги држат изолирани Косово и граѓаните.

„Сега е момент на вистина и акција. Одлуката на пратениците за ратификација на договорот е волја на граѓаните кои сакаат да ги прифатат европските вредности. Не дозволувајте никому да ве предизвикува, особено не на оние што сакаат да го држат Косово подалеку од европските вредности и да го изолираат“, наведе Тачи.

Седницата на Собранието на Косово, веќе три пати денес беше прекината со солзавец што го фрлија пратениците на опозициското движење „Самоопределување“, за да го спречат усвојувањето на договорот за демаркација на границата со Црна Гора.

Пратениците на Собранието на Косово денес треба да гласаат за нацрт-законот за ратификација на договорот за државната граница меѓу Република Косово и Црна Гора, откако вчерашната дебата која траеше речиси 9 часа беше завршена во еден часот по полноќ.

Сподели: