МВР 24 часовен Билтен

Сподели

 

Денеска (25.02.2024) во 02.20 часот во близина на Порта Македонија во Скопје полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Л.Ш.(26) од Косово поради тоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Денеска (25.02.2024) во 01.10 часот на подрачјето на Бит Пазар во Скопје полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода А.Г.(21) и М.Ш.(19), двајцата од Скопје поради тоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 24.02.2024 во 13.37 часот во СВР Битола било пријавено дека во с.Могила при ископ била пронајдена неексплодирана граната. Гранатата од Првата светска војна со калибар155 мм. е безбедно подигната од страна на пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување.

Денеска (25.02.2024) во 03.00 часот од угостителски објект на подрачјето на Карпош во Скопје полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ја лишиле од слобода Г.С.(22) од Скопје поради тоа што кај неа била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 24.02.2024 во 23.25 часот на подрачјето на Драчево во Скопје полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Н.П.(27) од Скопје поради тоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 24.02.2024 во 15.30 часот на подрачјето на Центар во Скопје полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ја лишиле од слобода Б.Д.(19) од Скопје поради тоа што кај неа била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 24.02.2024 во 21.45 часот на подрачјето на Центар во Скопје полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Ѓ.(21) од Скопје поради тоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 24.02.2024 во 22.20 часот на подрачјето на Центар во Скопје полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода З.А.(32) од Скопје поради тоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.       

На 24.02.2024 во 16.50 часот на подрачјето на Бит Пазар во Скопје полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода П.Р.(31) од Скопје поради тоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 24.02.2024 во 21.30 часот на подрачјето на Бит Пазар во Скопје полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.А.(19) од Скопје поради тоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.           

На 24.02.2024 во 21.30 часот на подрачјето на Карпош во Скопје полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода К.А.(35) од Скопје поради тоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 24.02.2024 во 22.00 часот на Граничниот премин Долно Блаце од полициски службеници бил приведен Д.Б.(33) од Р.Албанија поради тоа што при извршена гранична контрола и увид во патната исправа констатирано било дека на истата и недостасувале две страници. Тој бил предаден на полициски службеници за понатамошна постапка.  

 На 24.02.2024 во 18.00 часот на  Граничниот премин Долно Блаце при извршена пасошка контрола на С.С.(58) од Косово констатирано било дека евидирал во оперативна евиденција со мерка „апси“ по барање од Интерпол. По извршени проверки утврдено било дека тој бил предмет на меѓународна потрага од УНMИК Косово. С.С. е предаден на полициски службеници од соседниот граничен премин „Хани Елезит“-Косово.

Денеска (25.02.2024) во 03.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Скопје на крстосницата од ул.„Железничка“ и ул.„Димче Мирчев“ патничко моторно возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.Р.(40) од Скопје, удрило во пешакот Х.Ц.(26) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (24.02.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 167 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 42 санкции, 10 мерки за возење без возачка дозвола, 17 санкции за возење под дејство на алкохол, 12 мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло)…

На 24.02.2024 во 17.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 15.20 часот во Скопје на ул.„Ремзи Хоџа“ патничко моторно возило удрило во Н.Ш.(71) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Н.Ш., констатирани во болницата „Аџибадем Систина“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 24.02.2024 во 11.45 часот било пријавено дека на автопатот Тетово-Гостивар, во близина на наплатна станица во Гостивар, товарно возило „ивеко“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Д.С.(47) од Гостивар, удрило во заштитна ограда и метална канделабра. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Општата болница Гостивар. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гостивар.

На 24.02.2024 во 11.14 часот во СВР Скопје било пријавено дека на место викано „Душановац“, атар на с.Бањани-скопско, З.Б.(65) од Скопје додека управувал четирицикл, се превртел и бил потиснат од четирициклот. З.Б. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „8-ми Септември“. Излезено било на местото на настанот од полициски службеници од СВР Скопје.

На 24.02.2024 во 19.40 часот во Полициската станица Центар М.С.(48) од Скопје пријавила дека на ул.„Светиниколска“ во Скопје била касната од куче скитник.

На 24.02.2024 во 19.45 часот во Полициската станица Карпош, М.М.(23) од Скопје пријавил дека на бул.„Илинден“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

На 24.02.2024 во 15.25 часот во Полициската станица Ѓорче Петров С.М.(31) од с.Волково-скопско пријавил дека на ул.„Лука Геров“ во Скопје бил каснат од куче скитник.