МВР 24 часовен Билтен

Сподели

На 16.05.2023 во 16.00 часот на ул.„Христијан Карпош“ во Штип, полициски службеници од Отсекот за општ криминал и Полициската станица Штип при СВР Штип ја лишиле од слобода Џ.С.(23) од Кочани. Таа се сомничи дека на 15.05.2024 извршила кривично дело „разбојништво“ над Л.М.(69) од Штип, при што физички ја нападнала и ѝ ја одзела чантата со пари и документи. Џ.С. била задржана во Полициската станица и во службен разговор го признала делото. Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственичката. По целосно документирање на случајот, против Џ.С. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Денеска (17.05.2024) во 01.10 часот во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода Д.А.(36) од Кавадрци. Тој бил баран по централна потерница врз основа на судска наредба за издржување затворска казна од две години. Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Гевгелија за издржување на казната.

Денеска (17.05.2024) во 02.20 часот на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода И.К.(35) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 16.05.2024 во 11.00 часот во Дебар, полициски службеници од ОВР Дебар го привеле В.К.(24) од Дебар, затоа што при преглед во неговиот автомобил „фолксваген голф“, со дебарски регистарски ознаки, била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 17.05.2024 во 01.10 часот во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци ја лишиле од слобода Д.Б.(24) од Кавадарци, затоа што кај неа биле пронајдени и одземени бела грутчеста материја и марихуана. Известен е јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Кавадарци и по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 16.05.2024  во 18.30 часот на ул.„Смилевски конгрес” во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Н.Ѓ.(21) од Битола, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 16.05.2024 во 21.55 часот на Граничен премин Долно Блаце, полициски службеници го лишиле од слобода Д.М.(26) од Република Албанија, затоа што по извршени проверки било констатирано дека во оперативната евиденција е со мерка апси по барање на Интерпол – Париз, Франција. Лицето било спроведено во Полициската станица Кисела Вода за понатамошна постапка.

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (16.05.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 108 мерки, меѓу кои девет мерки за возење без возачка дозвола, четири санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло, седум мерки за користење на мобилен телефон при возење, осум санкции за некористење на сигурносен појас…  

На 16.05.2024 во 12.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Штип – Скопје, во близина на клучка „Коњари“, патничко возило „фолксваген голф“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од З.Ј.(39) од Кочани, излетало од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Л.Ј.(60) од Кочани, додека другиот сопатник Г.Ј.(64) од Кочани се здобил со телесни повреди констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

На 16.05.2024 во 13.00 часот во Полициската станица Аеродром, М.Ј.(44) од Скопје пријавила дека на ул.„Тодор Чангов“ во Скопје, нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник.

На 16.05.2024 во 20.30 часот во Полициската станица Велес, З.У.(49) од с.Горно Оризари, велешко, пријавил дека на улица „Благој Ѓорев“ во Велес, неговиот малолетен син бил каснат од куче скитник.

На 16.05.2024 во 21.00 часот во Полициската станица Велес, М.Д.(20) од Велес пријавила дека на улица „Благој Ѓорев“ во Велес била касната од куче скитник.