МВР 24 часовен Билтен

Сподели

 

На 02.12.2023 во 20.00 часот во Радовиш, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш го лишиле од слобода Ј.Ш.(31) од Радовиш. Тој бил осуден на казна затвор од шест години за сторено кривично дело по член 188 од Кривичниот законик, а бил баран по централна потерница врз основа на судска наредба за доиздржување на две години од казната. Лицето е предадено во Казнено – поправната установа Затвор Струмица за доиздржување на казната.
 
На 03.12.2023 во 03.30 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Г.(21) од Скопје. Тој се сомничи дека претходно на подрачје на Центар со шише со запалива течност предизвикал пожар на патничко возило „шкода фабија“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Х.М.(69) од Скопје. Од пожарот било зафатено и патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на З.К.(55) од Скопје. Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема. А.Г. бил задржан во Полициската станица Центар и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
 
Денеска (03.12.2023) во 06.30 часот во казино во с.Жеровјане, тетовско, полициски службеници од СВР Тетово го привеле Ќ.Ш.(49) од с.Челопек, тетовско. Тој бил баран со централна потерница врз основа на судска наредба за издржување мерка притвор. Лицето ќе биде спроведено во надлежната казнено – поправна установа за издржување на мерката притвор.
 
На 02.12.2023 во 20.20 часот на подрачје на Кисела Вода, полициски службеници од Единциата за интервентна полицијс апри СВР Скопје го лишиле од слобода А.Ј.(38) од Скопје затоа што кај него била пронајден аи одземена марихуана. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
 
На 03.12.2023 во 00.20 часот на Граничен премин Богородица, полициски службеници го лишиле од слобода A.A.(50) од Република Грција затоа што при пасошка контрола и проверка било констатирано дека евидира на стоп листа со мерка „апси“. Лицето било предадено на полициски службеници од Полициската станица Гевгелија за понатамошна постапка.  
 
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (02.12.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 132 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 25 санкции, 11 мерки за возење без возачка дозвола, 11 санкции за возење под дејство на алкохол…
 
Во рамките на вчерашните (2 декември) сообраќајно-контролни активности спроведени на подрачјето на СВР Тетово вкупно биле откриени и санкционирани 16 пречекорувања на максимално дозволената брзина надвор од населено место (ТЕ-12 и ГВ-4), од кои 5 (ТЕ) ја пречекориле брзината за над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Покрај ова, санкционирани се и 4 (ТЕ) пречекорувања на пропишаната брзина во населено место. Со соодветни поднесоци, исто така, биле заокружени и 90 други видови прекршоци (ТЕ-38 и ГВ-52).
 
Во текот на изминатата вечер (02/03.12.2023), во периодот од 23.00 до 05.00 часот, на територија на Битола спроведена е локална акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол. При контролата биле алкотестирани 170 возачи, а присуство на алкохол е констатирано кај 10 возачи кои биле соодветно санкционирани. За време на контролата биле санкционирани и осум  други видови прекршоци.
 
На 02.12.2023 во 12.30 часот во ОВР Виница било пријавено дека во с.Лески, виничко, А.З.(32) од с.Лески,  управувајќи мотоцикл, изгубил контрола и паднал со мотоциклот. Притоа, со тешки телесни повреди, констатирани во болницата во Кочани, се здобил мотоцклистот.  Известен бил јавен обвинител,а увид извршила увидна екипа од ОВР Виница.
 
На 02.12.2023 во 16.40 часот во СВР  Скопје било пријавено дека на ул.„Индира Ганди“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.А.(35) од Скопје и мотоцикл управуван од А.А.(38) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Додека, со телесни повреди, констатирани, исто така, во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, се здобил С.М.(33) од Куманово, сопатник на мотоциклот. Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Скопје.
 
На 02.12.2023 во 14.00 часот во Полициската станица Кисела Вода, Љ.Л.(44) од Скопје пријавила дека на ул.„Мариовска“ била каснат од куче скитник.
 
На 02.12.2023 во 21.40 часот во Полицискат станица Драчево, Н.Т.(82) од Скопје пријавил дека на ул.„Иван Хаџиниколов“ бил каснат од куче скитник.
 
На 02.12.2023 во 18.00 часот во Полициската станица Чаир, Б.Б.(44) од Скопје пријавил дека на ул.„Александар Урдаревски“ бил каснат од куче скитник.