Пола ВМРО-ОКГ веќе има бугарски (европски) пасоши

Сподели:

ВМРО-ОКГ поднесе предлог-закон за пратениците од следниот состав да не може да имаат двојно државјанство.

СДСМ предложи истиот закон да важи веднаш, а не од следниот состав на Собранието, и да важи за сите членови на Владата и носители на извршна власт. СДСМ поднесе и измени на Законот за Влада во Собранието. Од тој момент Мицкоски се повлече, ретерираше, се правдаше дека „мораат експерти да го проверат законот и Уставот“. Само уште не знаеме – кој Устав гледаат? Македонскиот или бугарскиот?

Ова е вистинското лице на лажниот патриотизам на ВМРО-ОКГ:

Се создава вештачки конфликт со Бугарија, опозицијата ја нарекуваат „предавници“, а самите си обезбедуваат бугарски пасоши за себе и за своите семејства.

Пола ВМРО-ОКГ веќе има бугарски (европски) пасоши, затоа и не смеат да го изгласаат законот кој сами го предложија.

Македонскиот идентитет не е загрозен од Европа. Најголемата закана за македонскиот идентитет е криминална група ВМРО, партијата која го користи за пропаганда, а самата живее со бугарски пасоши во џеб.

Сè што прават е лага и лицемерие во служба на одржување на моќта и заштита на криминалот, се наведува во денешното соопштение на СДСМ.

Сподели: