МВР 24 часовен Билтен

Сподели

СВР Куманово поднесе кривична пријава против С.Б.(51) од Куманово и правно лице од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“ и против Л.Т.(60) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“. Во 2023 година, првопријавениот, управител на пријавеното правно лице, без соодветно одобрение изградил две градби од втора категорија, за што третопријавената како овластен градежен инспектор несовесно постапила и при извршен вонреден надзор погрешно ја констатирала фактичката состојба, составувајќи два записници со невистинити податоци дека првопријавениот изградил монтажна настрешница како времен објект.  

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Е.О.(37) од Куманово и М.Ј.(33) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“. На 10.06.2025 во Куманово, пријавените физички го нападнале З.А. од Куманово и му одзеле пари.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Р.С.(32) од с.Падалиште, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“. На 28.05.2025 во Гостивар, пријавениот со нож се заканувал на Ф.А. од Гостивар, по што се обидел и физички да го нападне.

На 18.06.2025 околу 07.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од бул.„8 Септември“ и бул.„Партизански одреди“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „шкода“ со српски национални ознаки, управувано од С.П.Н.(58) од Скопје и мотоцикл со скопски регистарски ознаки, управуван од Б.К.(43) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.

На 18.06.2025 околу 09.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Горно Лисиче“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Љ.С.(59) од Скопје и товарно возило „цитроен“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од В.Т.(26) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката во патничкото возило „мерцедес“, Ж.С.(56), додека двајцата возачи се здобиле со телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје и Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.

На 18.06.2025 околу 18.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од бул.„Србија“, ул.„3 Македонска Бригада“ и ул.„12 Македонска Бригада“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Ј.(54) од с.Марино, скопско и патничко возило „рекстон“, сопственост на МВР. Во незгодата со телесни повреди се здобиле возачот и сопатникот во патничкото возило „ауди“, Б.Ј.(73) од с.Марино, скопско и возачот и двајца полициските службеници, сопатници во службеното возило,  констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ и Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.

На 18/19.06.2025 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода К.А.(40), И.Х.(37), малолетник, сите од Скопје и С.Д.(24) од Штип затоа што кај нив биле пронајдени и одземени прашкаста материја, марихуана и дробилка. По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.

На 18.06.2025 во 20.40 часот во ОВР Кавадарци, Н.М.(39) од Кавадарци пријави дека при реновирање во неговиот дом, во внатрешноста на ѕидот пронашол 18 парчиња стар експлозив и две парчиња стар фитил. Пиротехничар од Дирекција за заштита и спасување безбедно ги подигнал предметите, а увид на местото изврши увидна екипа на ОВР Кавадарци.

На 18.06.2025 во 13.46 часот во СВР Тетово било пријавено дека во објект во касарната во Тетово настанал пожар. При обид да го изгаснат пожарот, со повреди се здобиле двајца припадници на Армијата, кои биле пренесени во Клинички центар Тетово за укажување на помош. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Тетово. Запознаен е јавен обвинител.

Денеска (19.06.2025) во 02.00 часот во СВР Скопје, М.Б.(45) од с.Долно Количани, скопско, пријавил дека во негов плац на подрачјето на Драчево настанал пожар во работна машина – багер и патничко возило „опел корса“ со скопски регистарски ознаки, двете негова сопственост. Пожарот била изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.

На 18.06.2025 во 14.00 часот во Полициската станица Карпош, од Јавна установа за згрижување деца било пријавено дека од установата се оддалечил нивниот штитеник Р.М.(17), кој и претходно се оддалечувал и бил враќан назад. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Денеска (19.06.2025) во 01.40 часот во СВР Скопје, С.Р.(33) од Скопје пријавил дека на 18.06.2025 околу 22.30 часот во казино на подрачјето на општина Аеродром бил физички нападнат од А.Ш.(30) и А.Ш.(30), двајцата од Скопје, кои работеле како обезбедување во казиното. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Денеска (19.06.2025) во 00.50 часот во СВР Скопје, М.Х.(50) од Скопје пријавил дека на 18.06.2025 околу 18.05 часот на подрачјето на Карпош бил физички нападнат од две лица, при што едниот од нив употребил и тврд предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 17.06.2025 во 08.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека во просторија од основно училиште на подрачјето на Ѓорче Петров, Н.С.(43) од Скопје со стол кој го фрлила наназад ја удрила Г.Н.(45) од Скопје-вработена во училиштето. Се работи на расчистување на случајот.