Вести Македонија Ударни вести

Македонија успеа, Иванов НЕ, граѓаните ќе ја заштитат земјата од нов антизападен Иванов, на изборите

Последното обраќање на Ѓорѓе Иванов во себе има една добра и една веќе позната вест за граѓаните.
Добрата е: Иванов си оди -ова е последно обраќање на човекот кој недостоинствено и на штета на државата ја извршуваше функцијата Претседател.

Не успеа и нема да успее да го попречи напредокот на Македонија.

Веќе позната вест е што и ова обраќање ја потврди неговата улога на антизападен и антинароден елемент, последен остаток од криминалниот режим на Никола Груевски.

На дрзок и безобразен начин, Иванов ги навреди, ги понижи и ги деградираше пратениците а со тоа и сите граѓани.
Иванов може да зборува само за еден неуспехот на неговите два мандата.

Македонскиот идентитет и македонскиот јазик се трајно обезбедени и заштитени.

Македонија успеа, Иванов НЕ!

Иванов не верува во сопствената земја, во сопствениот народ, зборува за темнина, јазли, негирања на народи, пандорини кутии. Заглавен е во минатото, во 19 век, целосно отсутен од стратешките интереси на државата.
Лажно зборува дека е загрижен за перспективите на младите, а дејствува против нивните интереси – против членството во НАТО и ЕУ.

ТОЈ е директен противник на интересите на младите – противник на иднината.

Македонија е среќна и просперитетна земја, особено заради тоа што има граѓани кои се поголеми и подостоинствени од функционерите како Иванов и што не дозволуваат да фати корен омразата која тој ја сее.

Во своите два мандати, Иванов ниту еднаш не излезе во јавноста за некое клучно и важно прашање за граѓаните или пак за интересите или иднината на државата.

Не кажа збор за гушењето на демократијата. Молчеше за затворањето на медиумите, молчеше за кршењето на човековите права, за криминалот на власта на Никола Груевски.

Десет години Иванов дејствуваше како марионета во рацете на Никола Груевски и свесно одработуваше само за него и партиските интереси на режимската ВМРО-ДПМНЕ .

Со повикот за бојкот на реферндумот, за најважното прашање за иднината на државата, со неговата работа против Договорот од Преспа, Иванов отворено застана против интеграција на Македонија во ЕУ и НАТО.

Со непотпишувањето на Законот за употреба на јазиците, Иванов ги погази уставните должности и застана против концептот едно општество за сите кој граѓаните силно го поддржаа.

На граѓаните и на Македонија не им треба уште еден нов антизападен Иванов, кој со Мицкоски ќе застане против НАТО и ЕУ.

Граѓаните ќе ја заштитат Македонија од нов антизападен Иванов, на изборите на пролет.

Ќе изберат вистински Претседател на сите граѓани кој ќе застане рамо до рамо со прогресивните, демократски сили во земјава, за обезбедување на иднината, за напредок, за полноправно членство на Македонија во ЕУ и НАТО.

Сподели: