МВР 24 часовен билтен

Сподели

 

Денеска (28.01.2024) во 01.50 часот во Скопје на подрачјето на Карпош, во близина на угостителски објект, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Б.Т.(40) од Скопје, поради тоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.    

На 27.01.2024 во 20.50 часот во Штип полициски службеници од СВР Штип ги лишиле од слобода М.М.(20) и М.Ј.(28) двајцата во Штип поради тоа што во паркирано патничко моторно возило „поло“ со штипски регистарски ознаки, во кое биле двајцата, била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Денеска (28.01.2024) во 00.40 часот во Гостивар полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода А.Ч.(21) од Гостивар затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 27.01.2024 во 12.45 часот на Граничниот премин „Деве Баир“ на влез во државата од при извршена контрола на К.С.(56) од Р.Турција, кој управувал товарно моторно возило „даф“ и полуприколка со турски национални ознаки, констатирано било дека меѓународната зелена карта што ја приложил била фалсификувана. Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“ тој бил приведен и предаден на полициски службеници од ОВР Крива Паланка за понатамошна постапка.

Вчеравечер и ноќеска (27/28 јануари) од 23 до 5 часот на подрачјето на СВР Тетово спроведена е акциска контрола за санкционирање на возачите што ги управуваат возилата под дејство на алкохол.При контролата откриени и санкционирани се вкупно 15 возачи (ТЕ-11 и ГВ-4) кои ги управувале возилата под дејство на алкохол. Сите прекршители веднаш се исклучени од сообраќај, времено им се одземени возачките дозволи и изготвени им се соодветни поднесоци со парични глоби кои се движат од 225 до 375 евра во денарска противвредност. При контролата, исто така, бил санкциониран и 31 друг вид сообраќаен прекршок (ТЕ-20 и ГВ-11).

На 27.01.2024 во 19.30 часот на Граничниот премин „Меѓународен аеродром-Скопје“ на излез од државата при извршена пасошка контрола и проверка во оперативна евиденција констатирано било дека Ц.М.Ф (51) од Р.Италија го пречекорил дозволениот престој во државата. Тој бил задржан и предаден на полициски службеници за понатамошна постапка.

На 26.01.2024 во 17.00 часот било пријавено дека на регионалниот пат кај с.Кетеново-кратовско се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „тојота“ со кратовски регистарски ознаки, управувано од Д.Н.(39) од Кратово, патничко моторно возило „хонда“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Т.С.(40) од Скопје и патничко моторно возило „голф“ со пробиштипски регистарски ознаки, управувано од И.Б.(22) од Пробиштип. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил совозачот од возилото „голф“ Б.М.(36) од Пробиштип, констатирани во Клиничката болница Штип, а со телесни повреди се здобиле Д.Н. и нејзините сопатници Н.Ѓ.(73), С.Н.(61) двајцата од Кратово и Д.З.(49) од Скопје констатирани во Општата болница Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Кратово.

Денеска (28.01.2024) во 05.50 часот било пријавено дека во Битола на крстосницата од ул.„Климент Охридски“ и ул.„Солунска“ патничко моторно возило „пежо“ со битолски регистарски ознаки управувано од А.М.(24) од Битола излетало од коловозот. Во несреќата А.М. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Битола. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.

На 27.01 2024 во 12.30 часот во Полициската станица Карпош, М.Т.(79) од Скопје пријавил дека на ул.„Јуриј Гагарин“ во Скопје бил каснат од куче.    

На 27.01.2024 во 18.20 часот во Полициската станица Гази Баба, О.П.(38) од Скопје пријавил дека на ул.„Карл Либкнехт“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

На 27.01.2024 во 12.00 часот во Полициската станица Чаир, А.Ј.(50) од Скопје пријавил дека на ул.„30“ во населбата Радишани во Скопје бил каснат од куче скитник.