Превентивна кампања “Биди подготвен за безбедно патување во зима, користи зимска опрема

Сподели

 

Денеска од страна на Одделението за превенција при СВР Скопје во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, на подрачјето на ПО Петровец – наплатна рампа „Петровец“ беше реализирана превентивна активност под мотото „Биди подготвен за безбедно патување во зима, користи зимска опрема“.

Во рамки на активноста, од страна на полициски службеници на возачите им беа поделени едукативни летоци, изработени во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, со пораки за одговорно управување на возилата во зимски услови и согласно позитивна законска регулатива.

Исто така, во непосредни разговори на возачите им беше укажано на правилата кои треба да се почитуваат за безбедно управување со моторно возило, за задолжителното прилагодување на брзината спрема условите на патот, задолжително носење на заштитен појас, некористење на мобилен телефон при возење, а особено беше потенцирано да не се вози под дејство на алкохол.