МВР Билтен

Сподели

На 07.05.2025 на различни локации во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода 17-годишник од Велес, 17-годишник од Скопје и М.М.(20) од Скопје затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Г.Ч.(30) од Република Грција поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 05.05.2025 на Граничен премин Табановце, на влез во државата, при гранична контрола и преглед во возилото со холандски национални ознаки, кое го управувал, биле пронајдени и одземени хашиш и марихуана.

ОВР Кратово поднесе кривична пријава против Б.О.(40) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешки дела против општата сигурност“, во врска со „предизвикување општа опасност“. Пријавениот, сопственик и управител на правно лице од Гостивар, преку фирма од Бангладеш ангажирал двајца работници од Бангладеш без работна дозвола, без извршен систематски здравствен преглед, како и без обука за безбедност и здравје при работа. На 06.02.2025, додека работеле на објект во с.Кетеново, кратовско, едно од лицата, А.Р.(35) од Бангладеш се заглавил во работна машина за правење бетон и од здобиените повреди починал на местото.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против М.Р.(53) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“. На 10.03.2025 во продажен објект во Гостивар, поради претходно недоразбирање, пријавениот се обидел со нож да го нападне Н.Т.(46).

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против В.М.(39) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „демнење“. Пријавениот ја следел неговата поранешна партнерка и ѝ праќал пораки со заканувачка содржина.

На 07.05.2025 околу 12.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на локален пат с.Арачиново – с.Орланци се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј.К.(25) од с.Брест, скопско и патничко возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.А.(42) од с.Бардовци, скопско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на возилото „цитроен“, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, додека возачот на возилото „мерцедес“ се здобил со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Увид на местото на несреќата извршила екипа на СВР Скопје.

На 07.05.2025 околу 16.00 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека во с.Добридол, гостиварско, патничко возило „сеат леон“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Б.К.(39) од с.Добридол, удрило во малолетен пешак од истото село. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Општата болница Гостивар. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гостивар.

На 07.05.2025 во 23.32 часот во ОВР Кичево е пријавено дека настанал пожар во стан на улицата „4 Јули“ во Кичево, сопственост на З.С.(72) од Кичево. Од здобиените повреди во пожарот, на местото починала сопственичката З.С., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Увид на местото извршила екипа од ОВР Кичево и јавен обвинител и по негова наредба телото на почината било дадено на обдукција.

На 07.05.2025 во 18.15 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Н.(58) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека околу 13.50 часот на подрачјето на Центар во Скопје му се заканувал на И.И.(44) од Скопје и со употреба на физичка сила му го оштетил возилото. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

На 07.05.2025 во 18.30 часот во СВР Скопје, Р.Ј.(46) од Скопје пријавила дека на 05.05.2025 околу 22.00 часот на автобуска постојка на подрачјето на Центар во Скопје, нејзиниот 17-годишен син бил физички нападнат од неколку лица, најверојатно малолетници. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На 07.05.2025 во 16.08 часот во СВР Скопје било пријавено дека настанал пожар во постара куќа на која не се знае сопственикот на ул.„Ѓуро Ѓоновиќ“ на подрачјето на Центар, а во која привремено престојувале Л.А. и Н.А. со нивниот малолетен син. Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје. Увид бил извршен.

 На 07.05.2025 во 17.30 часот во Полициската станица Кисела Вода бил извршен службен разговор со Б.К.(46) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека околу 00.30 часот физизчки ги нападнал неговите роднини Д.К.(31) и Ј.К.(55), двајцата од Скопје, при што употребил и тврд предмет. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 07.05.2025 во 10.54 часот во СВР Скопје било пријавено дека во нејзиниот стан на подрачјето на општина Аеродром во Скопје физички била нападната З.К. од Скопје и била пренесена во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

На 07.05.2025 во 14.00 часот во Полициската станица Гази Баба, Х.И.(24) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечила неговата сопруга Ј.И.(19), која имала здравствени проблеми. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Денеска (08.05.2025) во 02.50 часот во Полициска станица Бит Пазар, А.Б.(50) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот малолетен син А.Б.(14). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.  

На 07.05.2025 во 18.46 часот во СВР Скопје, 52-годишна жена пријавила дека на 04.05.2025 во домот на подрачјето на Карпош била физички нападната од нејзиниот сопруг М.Ј.(58). Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 07.05.2025 во 13.00 часот во СВР Скопје, Б.С.(38) од Скопје пријавила дека на 06.05.2025 околу 17.50 часот на подрачјето на Ѓорче Петров, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од негов соученик, а друг малолетник настанот го снимил и го пуштил на социјална мрежа. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 07.05.2025 во 19.05 часот во СВР Скопје, од Казнено – поправната установа Идризово било пријавено дека околу 17.45 часот, при преглед на пакет на осуденикот З.Т.(39) од Велес, кој го донел неговиот брат, биле пронајдени и одземени 111 кутии таблети, најверојатно бубранофин. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Денеска (08.05.2025) во 00.30 часот од Комплексот клиники „Мајка Тереза“, полициски службеници од СВР Скопје го привеле И.К.(36) од Скопје затоа што агресивно се однесувал кон нив додека извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.  

На 07.05.2025 во 20.50 часот во спортска сала на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје го привеле С.С.(39) од Скопје затоа што за време на одигрување на кошаркарски натпревар се обидел да влезе на теренот. По целосно документирање на случајот  ќе следува соодветен поднесок.