МВР Билтен – возење без возачка дозвола 22 санкции

Сподели

 

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (08.02.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територијата на град Скопје изречени се вкупно 219 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 22 санкции, осум за технички неисправни и нерегистрирани возила, 12 за користење на мобилен телефон. Изречени се 12 санкции за возење под дејство на алкохол, пет за минување на затворен сигнал(црвено светло), 22 мерки за непочитување на брзина на движење, пет за некористење на сигурносен појас и 73 санкции за непрописно паркирање.

 

 

На 08.02.2021 во 12,40 часот во Делчево на ул.„Методија Митевски Брицо“, патничко моторно возило „рено“ со делчевски регистарски ознаки, управувано од М.Р.(33) од с.Драмче,делчевско удрило во Б.С.(71) од Делчево. Во незгодата Б.С. се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена во Клинички центар-Штип за укажување на лекарска помош. Извршен е увид на местото на настанот.

 

 

На  08.02.2021 година во 15.55 часот  на магистралниот пат Куманово -Крива Паланка  во  атар на село Псача, општина Ранковце се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно моторно возило „ман“ со бугарски национални ознаки, управувано од Ф.П.(28) од с. Узем, кривопаланечко и патничко моторно возило „фолксваген “ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.А.(24) од с.Ранковце. Во незгодата со повреди се здобил возачот на патничко моторно возило „фолксваген “ Д.А., и неговите сопатници В.М(50) од с. Крстов Дол. и Ж.С.(28) од с.Ранковце на кои им е укажана лекарска помош во Здравствен дом Крива Паланка, додека на сопатникот М.Ц.(59) од с.Петралица му биле констатирани тешки телесни повреди од доктор во Здравствен дом Крива Паланка.Од страна на ОВР Крива Паланка е извршен увид на лице место.

 

 

На 08.02.2021 во 19.00 часот во Полициска станица Центар, Н.Р.(25) од Гевгелија, пријавила дека во близина на Железничка станица во Скопје била касната од куче скитник.

 

На 08.02.2021 во 07,40 часот на крстосница од улица “Митрополит Теодосиј Гологанов” и улица “9-ти Мај”,  М.С.(39) од Скопје управувајќи патничко моторно возило “фолксваген” со скопски регистарски ознаки удрил во Л.К.(67) од Скопје. На Л.К. и е укажана лекарска помош во Градска општа болница “Св. Наум Охридски“ каде и биле констатирани тешки телесни повреди. Извршен е увид на местото на настанот.