Вести Македонија Топ теми Ударни вести

МВР и ОЈО отворија предмет против спорното видео со Латас

Сподели:

 

 

Денеска (20.02.2023), МВР поднесе Известување до надлежното Јавно обвинителство, во врска со претходно објавено интервју на Стефан Лазаров, со Драган Павлович Латас, како подкаст на Јутјуб канал.

Имено, Известувањето е поднесено по преземени мерки и активности од страна на Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика, заедно со целокупниот документиран материјал за понатамошно постапување, информираат од МВР.

Со реакција се јави Латас кој во реакциите видел желба за негово оцрнување од страна на “соросоиди”.

-Не постои моја изјава, никаде и никогаш, за силување особено, не, на кое јас сум присуствувал. Значи, нема ни во посочената емисија, подкаст, кој е најпопуларен во државава, а замисли се уште не е под ваша контрола – вели Павловиќ.

И Лазаров се огласи со реакција во која истакна дека не гледа ништо спорно во тоа што Латас раскажуваше како на своја 15-годишна возраст злоупотребил девојка во „фиќо“, ниту во тоа дека негов другар им удирал шлаканици на девојките пред да има секс со нив, односно истакнува дека сето тоа било извадено од контекст, како и дека тој не поддржувал силување.

 

Сподели: