Вести Македонија Ударни вести

МВР изрече 257 санкции за брзо возење

Сподели:

 

Во текот на вчерашниот ден, Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 257 возачи.

Од нив 25 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а пет возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 89 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 168 надвор од населено место.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 101 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 22 санкции, 11 мерки за возење без возачка дозвола, девет санкции за возење под дејство на алкохол.

Изречени се пет мерки за користење мобилен телефон, седум санкции за некористење сигурносен појас, четири мерки за нерегистрирани возила, три за возач почетник.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Сподели: