Вести Македонија

МВР: Кривична пријава за девет лица за нередите во Собранието од 27 април

Сподели:
Во врска со настаните од 27 април оваа година во Собранието на Република Македонија, СВР Скопје денеска до Основното јавно обвинителство – Скопје, поднесе кривична пријава против девет лица, поради основи на сомнение дека сториле насилство кон луѓе и оштетиле имот.
Овие лица, како што стои во соопштението од МВР се осоминчени дека извршиле три кривични дела „учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејствие“, „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“ и „учество во толпа што ќе изврши кривично дело“, предвидени и казниви по член 384, 383 и 385 од Кривичниот законик.
Кривично пријавени се З.Т. (51), Г.Ц. (49), В.П. (21) тројцата од Скопје и Д.М. (29) и В.М. (46) двајцата од Кочани заради сомнение за сторено кривично дело „учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејствие“.
Н.П. (38) и П.М. (22) од Скопје и С.П. (21) од Кичево се кривично пријавени заради сомнение за сторено кривично дело „учество во толпа што ќе изврши кривично дело“, додека А.М. (22) од Скопје којшто се сомничи за сторени три кривични дела „учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејствие“, „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“ и „учество во толпа што ќе изврши кривично дело“.
Пријавените, според МВР, на 27 април заедно со претходно други пријавени лица како и со поголема група засега неидентификувани лица откако го пробиле кордонот од униформираните полициски службеници што бил поставен пред Собранието, влегле внатре извршиле оштетување на ходникот, а потоа физички нападнале тројца полициски службеници на внатрешното обезбедување, по што влегле во салата бр. 3 каде се одржувала прес-конференцијата и физички ги нападнале присутните пратениците З.З., З.С., Р.Ш.Ј., О.С., С.М., како и други пратеници од политичките партии на СДСМ, ДУИ и Алијанса за Албанците.
Секторот за внатрешни работи Скопје во консултација и соработка со Основното јавно обвинителство Скопје и понатаму презема мерки и активности во врска со настаните случени на 27/04/2017 година во Собранието на Република Македонија и обезбедување на преостанатите кривично пријавени лица, како и на идентификација и документирање и на други лица учесници во настаните.
Сподели: