МВР регистрира 306 прекршоци за неносење на маска

Сподели

 

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на државава, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 306 прекршоци.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата, со цел справување со ковид-19.