МВР со демант: Нема поставено албанско знаме на граничниот премин Богородица

Сподели

Целосно неточни и невистинити се информациите и фотомонтажите објавени во неколку веб портали дека на граничниот премин Богородица е поставено знамето на Република Албанија.
Таков случај не е пријавен во МВР. Веднаш после објавувањето на овие невистинити информации беше извршена проверка на посоченото место на граничниот премин Богородица и констатирано е дека таков случај не постои, соопшутваат од МВР.