Вести Македонија

МВР со кривична пријава за поткуп на гласачи

Сподели:

potkup_0

Активисти и членови на владејачката ВМРО-ДПМНЕ оделе по домови во Прилеп и нуделе поткуп за гласови за изборите, обвини министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Тој ова го изјави при посетата на СВР Битола и рече дека имало пријава од граѓани за што, како што рече Спасовски, веќе е покрената кривична пријава, пренесува 24  Вести.

Ваквите обвиненија МВР ги заснова на снимени аудио материјали, во кој се слуша како лице, кое се претставува од владејачката партија нуди 60 евра за да гласаат за нив, за ,како што велат да остане владејачката партија и натаму на власт. Снимката ја објави порталот Публикум.

Сето ова се случува и покрај заложбите за кредибилни избори и потпишани декларации за фер и и демократски избори.

Mинистерот Спасовски покрај случајот со нудењето поткуп за гласови истакна дека биле регистрирани и случаи на учество на припадници на полицијата во изборна кампања на политичка партија.

„Сите треба да постапуваат крајно професионално и во интерес на граѓаните, а политиката да ја остават на политичарите. Притоа најстрого ќе биде казнет секој полицаец што ќе учествува во предизборна кампања на било која политичка партија“, рече Спасовски.

Сподели: