Маратон на лицата со попреченост во Газа

Сподели

maraton

ГАЗА (АА) – Во појасот Газа се организира „Маратон на отпорот“, по повод 3. декември – Денот на лицата со попреченост, јавува Anadolu Agency (AA).

На симболичниот маратон во Газа, кој го организира Здружението „Ел-Селаме“, учествуваат 40 лица со попреченост, меѓу кои и лица повредени во израелските напади.

Претседателот на здружението „Ел-Селаме“, Мухамед Дувејме, во изјава за АА рече дека настанот го организираат затоа што и овие повредени и попречени лица имаат права на друштвен живот.

Тој нагласи дека лицата со попреченост којашто е последица на повреди здобиени во нападите од Израел во Газа, сѐ уште не добиваат доволно внимание и додаде оти блокадата од Израел ги спречува овие лица од Газа да побараат соодветна терапија.

Според одлуката на Обединетите нации од 1993 година, трети декември се слави како Светски ден на лицата со попреченост.